Џемперот „црна овца“ на Принцезата Дијана ќе се продаде за повеќе од 70 илјади фунти

Фото: AP

Црвено-белиот џемпер на принцезата Дијана, познат како црната овца, кој беше изгубен со децении, за прв пат ќе биде ставен на аукција во аукциска куќа во Њујорк на 7 септември оваа година, јавува Анадолија.

Џемперот на принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, е изложен во аукциската куќа „ Sotheby’s“. Се очекува да се продаде за 70.000 фунти, што е околу 81.000 евра.

Со години, кралските колекционери се мачеа да го лоцираат и купат овој џемпер дури и 25 години по нејзината смрт.

Со принцезата Дајана во сообраќајката во 1997 година почина и нејзиниот тогашен партнер, египетскиот бизнисмен Доди Фајед. Таа ноќ, на 31 август 1997 година, парот го напуштил хотелот Риц во Париз околу полноќ и додека возеле со голема брзина за да ги избегнат папараците, возачот изгубил контрола над возилото и удрил во столб од тунел.

Погребот на принцезата го следеле 2,5 милијарди луѓе ширум светот. Од свршувачката со принцот Чарлс, хуманитарната работа и необичната харизма, принцезата Дијана го привлече вниманието на светската јавност, а важи за една од најпопуларните и најфотографираните жени во светот.

Извор: N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс