Зверев ја заврши работата: Европа го освои Лејвер купот во Лондон

Александар Зверев го совлада Лернер Тиен со 7-6, 6-3 и му го донесе трофејот на Тимот на Европа на Лејвер купот во Лондон.
epa13266719 Team Europe celebrates with the Laver Cup after winning 13-5 against Team World on Day 3 of the 2026 Laver Cup tennis tournament at the O2 Arena in London, Britain, 27 September 2026. EPA/TOLGA AKMEN

Тимот на Европа е победник на овогодишниот Лејвер куп, откако Александар Зверев го совлада Лернер Тиен со 7-6, 6-3 и го обезбеди шестиот трофеј за Европа во историјата на натпреварувањето. Пред полните трибини на лондонската „О2 Арена“, Зверев го освои решавачкиот поен и му донесе на европскиот тим недостижно водство од 13-5 против Тимот на светот.

За капитенот на Европа, Јаник Ноа, ова е прв освоен трофеј откако ја презеде капитенската улога.

Пред Зверев да излезе на теренот, важен чекор кон триумфот направија Флавио Коболи и Јакуб Меншик, кои славеа во мечот во двојки и му ја оставија на Германецот задачата да ја заврши работата.

Зверев преживеа тежок прв сет

Германецот не започна идеално. Уште во првиот гем во кој сервираше направи две двојни сервис-грешки, а Тиен делуваше посигурно во воведот. Сепак, првиот сет долго се играше без брејк. При 5-5 Зверев пропушти три врзани брејк-топки, а Тиен веднаш потоа стигна до сет-топка.

Германецот се спаси и сетот отиде во тај-брејк. Таму Зверев ја презеде контролата и со 7-3 стигна до водство од 1-0 во сетови.

Брејкот што го реши мечот

Во вториот сет клучен беше шестиот гем. Зверев ја искористи паднатата концентрација на Тиен и направи брејк за 4-2. Американецот веднаш доби три шанси за рибрејк, но не успеа да ги искористи. Зверев го преживеа најтешкиот момент, а потоа сигурно го доврши мечот. Со сервис за победа, Германецот не дозволи нова драма. Го освои гемот, стави точка на мечот и му го донесе трофејот на Тимот на Европа.

За Европа ова е шести триумф во деветте досегашни изданија на Лејвер купот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс