Жена уапсена во САД: Осомничена дека планирала со бомба да го нападне седиштето на владата на Њујорк

FBI наведува дека Бови, која според документите преминала во ислам пред околу пет години, преку пораки со неидентификувани лица наводно изразила поддршка за ИД

Федералното истражно биро (FBI) соопшти дека во САД е уапсена 35-годишна жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз седиштето на владата и законодавната власт на сојузната држава Њујорк, во Олбани. Во комплексот се наоѓа и канцеларијата на гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.

Според пријавата поднесена до федералниот суд, осомничената Џесика Бови во онлајн комуникација наводно се заколнала на верност кон терористичката организација Исламска држава (ИД) и почнала да го планира нападот во јули.

FBI наведува дека Бови, која според документите преминала во ислам пред околу пет години, преку пораки со неидентификувани лица наводно изразила поддршка за ИД. Истрагата продолжува, а федералните власти ја разгледуваат нејзината комуникација и активностите поврзани со наводниот план за напад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс