Зеленски со Макрон, Стармер и Мерц во Лондон: Европа подготвува нов план за Украина и можни мировни преговори

Во Лондон се одржува клучна средба меѓу Зеленски и европските лидери за идната поддршка за Украина, безбедносни гаранции и можни чекори кон мировен процес со Русија.

Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Лондон ги пречекува украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот лидер Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, на средба посветена на идната поддршка за Украина и можните чекори кон мировен процес.

Според најавите, разговорите ќе се фокусираат на продолжување на воената и политичката помош за Киев, како и на концептот за безбедносни гаранции што Европа го развива во рамки на таканаречената „коалиција на подготвените“.

Средбата доаѓа во момент на засилени тензии на теренот, по украинскиот напад со беспилотни летала врз цели во Санкт Петербург, што Киев го претставува како доказ за својата способност да дејствува длабоко на руска територија. Во меѓувреме, дипломатските напори за отворање директни преговори меѓу Киев и Москва остануваат без резултат. Зеленски неодамна јавно го покани рускиот претседател Владимир Путин на разговори за завршување на војната, но Москва ја одби иницијативата.

Европските лидери на средбата во Лондон нагласуваат дека Русија, според нив, се соочува со „воен, економски и стратешки неуспех“, но истовремено и дека ЕУ е подготвена да помогне во креирање на евентуален мировен договор. Иако Вашингтон во моментот е зафатен со други глобални прашања, особено на Блискиот Исток, Европа сè појасно ја презема водеч

е-Трн да боцка во твојот инбокс