Зеленски: Русија изгуби над 30.000 војници во месец јули

Зеленски посочи дека украинските единици на фронтот во јули неутрализирале вкупно 30.272 руски војници

Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили во текот на јули елиминирале повеќе од 30.000 руски војници, нагласувајќи дека бројката се темели исклучиво на случаи за кои, според него, постојат јасни видеодокази.

Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски посочи дека украинските единици на фронтот во јули неутрализирале вкупно 30.272 руски војници, при што во оваа бројка се вклучени и загинатите и тешко ранетите.

„Оваа бројка ги опфаќа само случаите за кои имаме јасни видеодокази“, рече Зеленски, додавајќи дека значителен дел од операциите биле изведени со употреба на беспилотни летала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс