Search

Заштита на децата од сонце

Без разлика дали го поминувате денот на плажа, покрај базен или во парк, кремата за сончање треба да биде една од работите кои треба да ги има секое семејство со мали деца. Дерматолозите секоја година повторуваат дека заштитата на децата од сонцето е од клучно значење

„Кремот за сончање е од клучно значење за сите деца постари од шест месеци, без оглед на тонот на кожата“, вели д-р Ребека Картер, педијатар од Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд и доцент по педијатрија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд. „Таа помага да се спречат оштетувањето од Сонцето, што се многу посериозни од болните изгореници, како зголемениот ризик за рак на кожата во подоцнежните фази од животот на детето“.

Изнаоѓањето на најбезбедниот и најефективниот крем за сончање за заштита на чувствителната кожа на вашето дете од сончевите зраци понекогаш може да биде тешко поради многуте опции, со различни рејтинзи за заштитен фактор, типови на апликации и формули.

Со цел да се изберат најдобрите креми за сончање за деца, NBC News анкетирале шест дерматолози за најбезбедните креми за сончање за деца и за минималната количина на заштита со заштитен фактор што треба да ја барате.

Експертите ги издвоија следниве фактори што треба да ги имате на ум кога купувате креми за сончање за деца:

Формулација: Треба да се придржувате до минерална крема за сончање – исто така позната како физичка крема за сончање – наместо хемиски, бидејќи нема да се апсорбира толку лесно во кожата и помага да се избегне иритација. Минералните креми за сончање се формулирани со цинк оксид и титаниум диоксид.

Заштитен фактор: кремата за сончање на вашето дете треба да има минимум заштитен фактор од SPF 30 до SPF 50, а посилен фактор би бил подобар.

Правилно нанесување: Експертите се согласни дека кремите и лосионите за сончање се најефективни за употреба на вашето дете бидејќи обезбедуваат најголема покриеност во споредба со кремите за сончање со спреј.

Освен користењето на кремите за сончање, дерматолозите препорачуваат да се избегнува директна изложеност на сонце на децата помеѓу 11 и 16 часот во текот на денот. Корисен совет според нив е да им се каже на децата ако сенката од нивното тело е помала од нив, тогаш да не седат на Сонце. 

Најново

Последни колумни