За да собори светски рекорд на своето тело ставил 60 килограми пчели

Фото: Анадолу

Абдулвахап Семо од Турција, познат како човек-пчела, сонува за да постави Гинисов светски рекорд, а во меѓувреме своето тело го покри со околу 60 килограми пчели.

Турскиот пчелар има цел да постави нов светски рекорд за бројот на пчели на телото на еден човек. Семо, од провинцијата Ван во источна Турција, се обидува да го сруши Гинисовиот рекорд кој во моментов го има Рајан Лијанминг од Кина, кој го покрил своето тело со околу 637 илјади пчели, тешки околу 63,7 килограми.

Семо признава дека и претходно неколку пати се обидел да го собори рекордот, но дека овој пат му било најтешко бидејќи пчелите биле агресивни.

„Мојата цел е да достигнам до 65 килограми и да го соборам светскиот рекорд. За тоа ќе ми биде потребна поддршка“.

Додека се подготвува за новиот обид за рушење на рекордот, тој го промовира и продава медот од својата провинција.

Извор: N1

е-Трн да боцка во твојот инбокс