Времето денес ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, соопштуваат метеоролозите. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Високите температури ќе продолжат и во наредните денови, но постепено се очекува промена на временската состојба и појава на нестабилност со врнежи.