Припадници на Министерството за внатрешни работи во Краљево, Србија, го уапсија Ј.А. (26) од тој град под сомнение дека возел автомобил без возачка дозвола и удрил пешаци, додека едно од повредените, петгодишно девојче, починало од повредите.
Тој е осомничен за сторено тешко кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај, соопшти Полициската управа Краљево.
Се сомнева дека вчера, околу 19 часот, на улицата „4-ти Краљевски баталјон“ во Краљево, управувајќи „Сеат“, удрил во патничко возило „Фолксваген“ кое се движело од спротивната насока, управувано од 18-годишен сограѓанин, по што преминал на пешачката и велосипедската патека, каде што удрил во дрво, а потоа и во пешаци.
Потоа едно петгодишно девојче се здобило со сериозни, животозагрозувачки повреди, додека нејзината 32-годишна мајка и едногодишната сестра, која била во количка, исто така се здобиле со сериозни повреди.
Таткото (35) се здобил со полесни повреди, како и 33-годишниот патник во „Сеатот“.
Проверката покажала дека осомничениот немал возачка дозвола.
На осомничениот му е одредена мерка задржување до 48 часа и тој ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Краљево, заедно со кривична пријава.