Ричард го гради својот музички израз на амбиенталната музика врз класична срцевина, која овозможува патување во себството и истражување на нашето најдлабоко јас.
“Неговата музика содржи полнокрви хармонии и инструменти, кои креираат комплексен музички феномен, како виножито во природа” – “Lángoló gitárok” (врвен музички блог во Унгарија).
Музиката на Залаи и неговиот еклтектичен вкус му дозволува да создаде широки звучни пејзажи кои комбинираат винтиџ елементи со модерен печат. Неговата цел е едноставна: да направи публиката да доживее музички оргазам.
Своето прво EP го издава во 2021 година, за британската издавачка куќа nieko.
Со свој настап пред Richard Zalai, ќе го проследиме и настапот на артистот ONAKOM.
Tamás Birinyi е графички и визуелен уметник кој работи под псевдонимот ONAKOM. Како визуелен диџеј, Тамас соработувал на мноштво музички проекти, додека од 2020 година и самиот почнува да создава музика. Неговите #мрачни, повеќеслојни слики сега се дел и од неговата вонземска музичка подлошка. Чудната атмосфера која ONAKOM Ја создава со неговите надреални музички пејзажи, не носат длабоко во еден утопистички #свет, туркајќи ги границите на експерименталниот звучен дизајн, downtempo музиката и басовите.
Концертот е реализиран во рамки на платформата Liveurope.