Search

Во длабочините на Антарктикот откриена нова морска ѕвезда

Тим истражувачи во студените длабочини на Антарктик откри нова морска ѕвезда, која како што тврдат потсетува на чудовиштето од филмовите „Alien“, кај нас познати како „Осмиот патник“.

Морското суштество го доби името антарктичка пердувеста ѕвезда, а ја откри професорот Грег Рус од Калифорничкиот универзитет во Сан Диего, заедно со истражувачите Емили МекЛафлин и Нерида Вилсон. Она што е интересно е што има необичен изглед со 20 краци прекриени со израстоци.

Иако дели сличности со останатите морски безрбетници, како што се морските ѕвезди и краставици, пердувестите ѕвезди се познати по својата големина и која може да достигне и 20 сантиметри и изглед кој истражувачите го опишаа како „вонземен“. Сепак, и покрај таквиот изглед нивниот облик на телото со споени краци потсетува на јагода. Поради тоа формално е класифицирана како Promachocrinus fragarius, а зборот fragarius доаѓа од латинскиот збор fragum – што значи јагода.

Истражувањето, објавено во Invertebrate Systematics, ги навело научниците да препознаат не само овој еден вид, туку и четири други видови како антарктичката морска ѕвезда. Како што велат, ова ги нагласува богатството и разновидноста на морскиот свет во споменатиот океан, но и дека нејзиниот необичен изглед и поврзаноста со познатото овошје нуди возбудлив потсетник на тоа колку малку разбираме од мистериите што уште лежат на дното на океаните.

Извор: columnadigital.com

Најново

Последни колумни