Јапонец познат на интернет по прекарот Токо неодамна се најде во центарот на вниманието кога на социјалните мрежи ги објави резултатите од својот детски сон. Имено, додека другите деца сонувале да станат волшебници или доктори, Токо сонувал да стане куче. Својата желба ја изразил и во есеј што го напишал за време на школските денови.
Токо успеа да го оствари својот сон, па потрошил два милиони јени (12.740 евра) на убедлив костим во кој може јавно да се преправа дека е куче. Тој на социјалните мрежи објавува видеа од неговите авантури.
Реакциите на неговите објави се разновидни, а додека само малкумина му честитаат за остварувањето на сонот, многумина коментираат дека дури и кучињата го гледаат чудно, што е очигледен знак дека нешто не е во ред, бидејќи кучињата нормално се крајно толерантни.
Извор: Dnevnik.hr