Триото „Вибрарт” воодушеви на Шпанската вечер на „Охридско лето”

Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт” од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традиционалната Шпанска вечер на „Охридско лето”.

Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе.

„Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во 2026 година се одбележуваат 40 години откако Шпанија се приклучи на Европската унија, проект што целосно ја трансформираше нашата земја и шпанското општество. Како што знаете, Шпанија цврсто ги поддржува европските аспирации на вашата земја. Во 2026 година исто така се одбележуваат 20 години од отворањето на нашата амбасада во Скопје, со обновена посветеност на зајакнување на нашите билатерални односи. Поради сите овие причини, ми е драго што државниот секретар за ЕУ, господинот Сампедро, ни се придружи вечерва”, рече амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз, упатувajки посебна благодарност до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, за како што кажа, одличната културна соработка што ja одржува со шпанската амбасада.

Тројцата исклучителни музичари, пијанистот Хуан Перез Флористан, виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез и виолинистот Мигуел Колом Куеста со искрен и автентичен пристап му се посветија на репертоарот и оставија силен уметнички печат врз публиката која час и половина колку што траеше концертот, уживаше во секоја отсвирена нота.

„Ова ни е првпат не само на фестивалот, туку и во Македонија. Никогаш не сме биле во овој регион и се заljубивме во Охрид, навистина е преубав. Навистина е неверojaтна црквата, еден од наjубавите православни храмови. Акустиката помага особено на трио како нас да го дадеме наjдоброто на концертот. Сакавме да одбереме голем репертоар како, големото клавирско трио на Бетовен во де-дур, клавирското трио бр.1 во де-мол од Менделсон и помалку познатото и ретко изведувано дело „Ноктурно” оп. 148 на Шуберт кое е недовршено и стои како кратко дело. За бис отсвиривме дело на големиот шпански композитор и пиjaнист од првата половина на 20. век Мануел де Фаjа. Годинава се одбележуваат 150 години од неговото граѓање и затоа направивме аранжман по тoj повод”, истакнаа харизматичните и виртуозни шпански музичари од триото „Вибрарт”.

Освен во овоj состав, членовите на триото „Вибрарт” градат и индивидуална уметничка кариера. Образувани на Високата школа за музика „Кралица Софиja” во Мадрид и во Берлин, тие jа комбинираат нивната кариера со педагошка активност и со оркестарски проекти.

Шпанската вечер на 66. „Охридско лето” заедно со македонската претседателка, Гордана Силјановска-Давкова, коja е и покровител на фестивалот, jа проследи и државниот секретар за Европска унија во Министерството за надворешни работи на Шпанија, Фернандо Мариано Сампедро Маркос.

е-Трн да боцка во твојот инбокс