Во МКЦ изведба на „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска

„Кенди“ е дуодрама во која се зборува за зависностите кај младите со фокус на опијатната зависност, според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот.
Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубов постепено се изобличува и станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот.

„Кенди“ вушност е приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги. Најзначен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

Во претставата играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, музиката е на Лука Тошев, а продукцијата на независниот театар „Златен Елец“ од Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс