Search

Утрински навики кои влијаат на вашата енергија во текот на денот

До­кол­ку во те­кот на де­нот се чув­ству­ва­те лошо, при­чи­на за тоа мо­же да би­дат и не­кол­ку­те ва­ши утрин­ски на­вики, кои ва­жат за ваш мал ри­туал. За­тоа, до­кол­ку има­те здра­ви ут­рин­ски на­вики, тоа по ав­то­ма­ти­зам зна­чи де­ка ва­ши­от ден ќе би­де ква­ли­те­тен и со по­мал­ку стрес­ни си­ту­а­ции.

Токму овие навики прават да се чувствувате уморно во текот на денот.

Одложување на алармот
Експертите тврдат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи со притискање на копчето „snooze“, ѝ пречите на РЕМ фазата на спиење. Ако постојано ја прекинувате оваа фаза на спиење, ќе се чувствувате исцрпено и ненаспано. Покрај тоа, може да заспиете за време на одложувањето на алармот, што доведува до доцнење, неисполнување на работните обврски и договорени планови, што ќе ве направи многу нервозни.

Покрај тоа што е пожелно да станете штом ќе за заsвони алармот, експертите ве советуваат да се будите приближно во исто време секој ден, за да се разбудите со леснотија.

Лежење во кревет
Оние дополнителни пет минути лежење скупчени нема да ви ја вратат енергијата. Напротив, докажано е дека будењето во положба на фетусот предизвикува стрес, додека истегнувањето може да го реши тоа.

Ејми Кејди, психолог од Харвард, смета дека треба да се истегнете по целиот кревет веднаш по будењето. На тој начин, ќе ги истегнете сите мускули, а исто така ќе стекнете самодоверба за да го започнете денот, објаснува таа. Ејми, исто така, тврди дека луѓето кои се будат со раширени раце во форма на буквата V се исклучително среќни.

Прво утринско кафе
Иако за многу луѓе кафето е главното средство за будење, пиењето веднаш по будењето може да има спротивен ефект. Кофеинот го удвојува нивото на хормоните на стрес и може да доведе до проблеми со спиењето, а по некое време повторно ќе се чувствувате поспано.

Лекарите веруваат дека најдобро време за шолја кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, после појадок, и никогаш на празен стомак.

По­ја­до­кот ре­дов­но го прес­кок­ну­вате
Во ни­кој слу­чај, кол­ку и да бр­зате и да има­те об­врски, не е препо­рач­ли­во од до­ма да из­ле­гу­ва­те гладни. До­кол­ку не сте во мож­ност ра­но на­ут­ро да си под­гот­ви­те не­кој об­рок, то­гаш до­вол­но е да изе­де­те ед­на ба­на­на или на ед­но пар­че леб да на­мач­ка­те неш­то.

На тој на­чин, са­мо за не­кол­ку ми­нути, вие на ва­ше­то те­ло ќе му обез­бе­ди­те до­вол­но ко­ли­чес­тво енер­ги­ја за да ги ре­а­ли­зи­ра мно­гу по­лес­но си­те зац­р­та­ни пла­нови.

Извор: lepotaizdravlje.rs

Најново

Последни колумни