Организаторите на Белградскиот прајд денес објавија дека Неделата на гордоста 2026 ќе започне утре под слоганот „Има место за сите нас“, што потсетува на првата парада на гордоста во Белград пред 25 години, која беше обележана со брутално насилство врз учесниците.
Отворањето на Неделата на гордоста започнува со прес-конференција во паркот Мањеж, а организаторите додаваат дека собирот од 2001 година се памети како „Крвава гордост“, митинг обележан со брутално насилство врз учесниците, но кој останува еден од најважните настани и први чекори во историјата на домашната борба за човекови права на ЛГБТИ+ луѓето, демократија и еднаквост.
Оваа Недела на гордоста ќе одбележи 25 години борба, сеќавање, отпор и гордост, со пораката „Има место за сите нас!“, велат организаторите.
Прајдот се одржува во период на засилени политички тензии и поделби во српското општество непоредно пред распишувањето на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат есенва.