Унгарија: Русија е закана за Европа и светскиот поредок

Под владата на Орбан, Унгарија беше една од членките на ЕУ најблиски до Русија, додека новата влада значително повеќе се сврте кон Европската Унија
epa12886199 Backdropped by the Parliament building, Chairman of the opposition Tisza Party Peter Magyar (R) waves a national flag as he celebrates with supporters after his party won landslide victory in the general elections in Budapest, Hungary, 12 April 2026. EPA/Robert Hegedus HUNGARY OUT

Унгарија ја опиша Русија како закана за Европа и светскиот поредок во новите насоки за надворешна политика за нејзината делегација во Обединетите нации. Документот, подготвен за Генералното собрание на ОН следниот месец, беше објавен од „ Киев Индепендент“ на 26 август .

Целосна промена на ставот кон Русија

Документот означува остра промена во ставот на Унгарија откако премиерот Петер Маѓар го победи Виктор Орбан на изборите претходно оваа година. Под владата на Орбан, Унгарија беше една од членките на ЕУ најблиски до Русија, додека новата влада значително повеќе се сврте кон Европската Унија.

Во упатствата на ОН експлицитно се наведува: „Унгарија ја осудува руската воена агресија и целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници“. Во текстот се додава дека „руското однесување претставува закана за Унгарија, Европа и светскиот поредок“.

Подобрување на односите со Киев

Во согласност со новата политика, Будимпешта и Киев почнаа да работат на подобрување на односите во последните недели. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја поздрави одлуката на Унгарија од 19 август да ја прекине истрагата за перење пари во случајот со украинскиот банкарски конвој во март.

Сибиха во таа пригода рече дека „играњето на картата на антиукраинска реторика заради домашни политички поени не носи ништо друго освен политички пораз и срам“.

Унгарските власти во март запленија две банкарски возила на пат од Австрија кон Украина, во кои имало околу 82 милиони долари (70,3 милиони евра) во готово и злато, а тогашната влада објави дека започнува истрага за сомнение за перење пари.

Новата унгарска влада претходно ја укина деветмесечната забрана за украинските медиуми, која ја воведе администрацијата на Виктор Орбан. Унгарскиот министер за социјални односи и култура Золтан Тар објави на Фејсбук на 19 јуни дека државата сака да ги подобри односите со Украина.

Откако беше постигнат договор меѓу Киев и Будимпешта во јуни, беше отстранета и последната пречка за отворање на преговорите за пристапување меѓу Украина и Молдавија со Европската Унија. Потоа сите 27 земји-членки се согласија да го отворат првиот преговарачки кластер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс