Турски Ф-16 се урна на поле за време на вежба

Турското Министерство за одбрана потврди дека станува збор за авион Ф-16 на турските воздухопловни сили

Воен авион Ф-16 на турската армија денеска се урнал во поле во северозападната турска провинција Јалова, за време на тренинг-лет.

Според првичните информации, до несреќата дошло поради технички дефект.

Турското Министерство за одбрана потврди дека станува збор за авион Ф-16 на турските воздухопловни сили. Пилотот успеал навреме да се катапултира од леталото и ја преживеал несреќата.

По падот, на местото веднаш биле испратени медицински и противпожарни екипи. Пилотот бил пронајден и пренесен во Истражувачката и тренинг-болница во Јалова, каде што му била укажана медицинска помош.

Авионот во моментот на несреќата бил ангажиран на тренинг-лет од Командата на воздухопловната база во Јалова. Според досегашните информации, нема податоци за други повредени лица во инцидентот.

Точната причина за падот засега не е официјално утврдена. Од турското Министерство за одбрана најавија детална истрага, со која треба да се утврди што точно довело до техничкиот проблем и губењето на контролата над леталото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс