Британскиот музичар Хари Стајлс има изведено дури 169 концерти како дел од неговата „Love on Tour“ во последните 23 месеци. Последниот концерт го одржа во Италија. Социјалните мрежи се преполни со видеа од неговите концерти, а сега се знае и колку Хари заработи од оваа турнеја.
Имено, 29-годишниот музичар со турнејата заработил 590 милиони долари, со што неговата турнеја е една од најдобрите десет на сите времиња. Го слушаа околу 4,7 милиони фанови. Тој беше рангиран на четвртото место на табелата Billboard Boxscore, пред U2 и Ед Ширан со турнеја што траеше од 2017 до 2019 година.
Елтон Џон е на врвот на листата со турнеја која му донесе 900 милиони долари. Одржал 330 концерти. Оваа листа ги вклучува и Guns N’ Roses, Coldplay и The Rolling Stones.
Големите ѕвезди како Бијонсе и Тејлор Свифт се на турнеја оваа година, па се очекуваат значителни промени во ранг-листата. Според некои претпоставки, Тејлор треба да стане првиот уметник чија заработка од турнејата ќе надмине една милијарда долари.
Тејлор со еден концерт на турнејата заработува околу 13 милиони долари, а во моментов се бара влезница повеќе за нејзините концерти. Исто така, се зема предвид и фактот дека билетите денес се поскапи од пред неколку години. Просечната цена за концерт на Тејлор Свифт сега е околу 250 долари.
Извор: Index.hr