Турата започнува од селото Вешала (1250 мнв) и ги води учесниците покрај живописната Караниколска река и природни формации, вклучувајќи понори и камен мост. За оние кои ќе решат да го продолжат искачувањето кон врвовите Караниколица и Скарпа, обезбедени се незаборавни глетки кон Косово Поле, Проклетијата и Лешница.
Организаторите потенцираат дека задолжително е носење планинарски обувки, особено за оние кои ќе се искачуваат на врвовите. Исто така, поради ограничените можности за паркинг, сите што планираат да дојдат со сопствено возило мораат да платат котизација од 300 денари, со цел да се намали бројот на автомобили во селото.
Цената за организиран превоз од Скопје изнесува 800 денари, а за членовите на клубот е обезбеден попуст. Пријавувањето за турата е отворено до пополнување на местата, а сите кои сакаат да учествуваат можат да го направат тоа во Паблик Рум, каде се врши регистрација.
Со оваа тура, “I Love Hiking” ја отвора есенската сезона на планинарење, нудејќи прекрасен начин за уживање во природните убавини на Македонија.