Трамп најави нови царини од 25 проценти за автомобили и камиони од ЕУ

Доналд Трамп најави дека САД од следната недела ќе воведат царини од 25 проценти за автомобили и камиони увезени од Европската Унија.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од следната недела САД ќе ги зголемат царините за автомобили и камиони увезени од Европската Унија.

Трамп објави дека царините за возила од ЕУ ќе се зголемат на 25 проценти, наведувајќи дека европската страна не ги почитува условите од трговскиот договор меѓу двете страни.

„Со задоволство објавувам дека бидејќи Европската Унија не го почитува нашиот трговски договор, следната недела ќе ги зголемам царините наметнати за автомобили и камиони увезени во Соединетите Држави од Европската Унија. Царината ќе се зголеми на 25 проценти“, изјави Трамп.

Овој потег отвора нова трговска тензија меѓу Вашингтон и Брисел, особено во автомобилскиот сектор, кој е еден од најчувствителните делови на економските односи меѓу САД и Европската Унија.

Во исто време, Трамп зборуваше и за нови инвестиции во американскиот автомобилски сектор. Според него, веќе се во тек проекти за изградба на фабрики со вкупна вредност од повеќе од 100 милијарди долари, што го оцени како историски рекорд за индустријата.

Тој наведе дека новите производствени капацитети, во кои ќе работат американски работници, наскоро треба да бидат ставени во функција. Според Трамп, тоа ја покажува силата и динамиката на американската економија, пренесува „Еуроњуз Србија“.

Најавата за нови царини може дополнително да ги усложни односите меѓу САД и ЕУ, особено ако Брисел одлучи да одговори со контрамерки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни