Трагедијата со бродот RMS Titanic се смета за една од најголемите катастрофи на 20 век. Во 1912 година, луксузниот патнички брод потона на своето прво патување по судир со санта мраз во северниот Атлантик.
Несреќата се случила по низа пропусти, меѓу кои недоволен број чамци за спасување, лоша проценка на ризикот и предупредувања за мраз кои не биле доволно сериозно земени предвид.
Иако се сметал за „непотоплив“, Титаник за само неколку часа исчезнал под површината на океанот, при што загинале повеќе од 1.500 луѓе.
Оваа трагедија довела до големи промени во поморските безбедносни правила, вклучително и задолжителни стандарди за спасувачка опрема и подобра комуникација на море.
И денес, повеќе од еден век подоцна, приказната за Титаник останува симбол на човечка грешка, технолошка ароганција и историска поука за безбедност.