Драма пред Светското првенство 2026: Итно предупредување поради епидемија на ебола

САД издадоа итно предупредување поради епидемијата на ебола во Африка непосредно пред почетокот на Светското првенство 2026. Се разгледуваат дополнителни мерки за заштита.

Само неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал 2026, кое заеднички го организираат САД, Канада и Мексико, вниманието не е насочено само кон спортските случувања. Американските власти издадоа итно предупредување поради ширењето на еболата во неколку африкански земји.

Според официјалните информации, администрацијата на САД испратила дипломатска нота до европските држави во врска со епидемијата регистрирана во Демократска Република Конго, Уганда и Јужен Судан. Целта е да се спречат потенцијални здравствени ризици за време на најголемиот фудбалски настан во светот.

Американските власти ги повикаа своите сојузници да разгледаат воведување мерки слични на оние што веќе се применуваат во САД, вклучувајќи ограничувања за патување и построги контроли за лица кои неодамна престојувале во погодените региони.

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД нема да дозволат внесување на вирусот на својата територија и нагласи дека е неопходна координирана меѓународна акција за намалување на ризикот од ширење на заразата.

Светското првенство започнува на 11 јуни и во наредните недели ќе собере репрезентации, организатори и стотици илјади навивачи од целиот свет, поради што здравствената безбедност останува еден од главните приоритети на домаќините.

е-Трн да боцка во твојот инбокс