„Супер донаторот“ кој има 550 деца го тужи Нетфликс поради серијата за него

Холандскиот „супер донатор“ на сперма Џонатан М, кој донирал сперма и помогнал во зачнувањето на најмалку 550 деца во повеќе држави го тужи стриминг сервисот Нетфликс, која нпарави серија за него.

Џонатам М одобил да соработува во документерецот „Човек со 1000 деца“, а како што изјавил за холандска телевизија серијата не е базирана на точни бројки, бидејќи во неа се тврди дека со неговата помош се родени повеќе од 3000 деца.

„550 е бројката која со сигурност можам да ја потврдам“ вели тој и додава дека се останато се само нагаѓања.

„Поднесов жалба за да се одбранам од лагите. Се надевам дека серијата ќе биде повлечена од стриминг платформата“ изјави Џонатан М.

Здружението „Stichting Donorkind”, кое ги штити правата на децата родени преку донатори на сперма, тврди дека тој маж дистрибуирал своја сперма во повеќе од десет клиники во Холандија, Белгија и други држави.

Во Холандија минатата година судот му забрани да продолжи да донира сперма за нови оплодувања, бидејќи по закон еден донатор може да има најмногу 25 деца во најмногу 12 семејства.

Овие ограничувања се воведени за да се избегне раѓањето на потомци роднини, инцести и психолошки проблеми кај децата на донаторите. Ограничувањето се разликува од држава до држава, па во Белгија донаторот може да зачне деца во најмногу шест семејства.

Според холандскиот суд, „супер донаторот“ Џонатан М во минатото намерно сокривал информации од идните родител иза бројот на деца кои се зачнати благодарение ан него, што би можело да ги загрози тие деца.

Тој, сепак, тврди дека во 2019 година престанал да донира сперма, освен на семејства кои од него барале второ или трето дете.

Смета дека документарниот филм го прикажува во лошо светло, како личност која нанесува штета на децата на кои им е биолошки татко и на нивните родители.

Со тужбата против Нетфликс тој сака да ги заштити децата од желбите на медиумите ова да го претворат во некаков спектакл.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни