„Штркот Гвин“ на Марина Мијаковска денес на Саемот на книгата

Новата сликовница за деца носи приказна за штркот Гвин и ги афирмира културните вредности и убавините на Скопје.

Сликовницата „Штркот Гвин“ од Марина Мијаковска денес во 11 часот ќе биде промовирана во промотивниот центар на „Саем на книгата“. Книгата е во издание на „Едука мак“ од Скопје, а промотор ќе биде Билјана Лотеска.

„Штркот Гвин“ е сликовница наменета за деца од училишна возраст, но и за читатели од сите генерации. Низ авантурите на штркот Гвин, авторката отвора приказна со дидактичка порака, едукативни елементи и мотиви поврзани со семејните вредности, љубовта кон градот и почитувањето на културното наследство.

Приказната е инспирирана од Скопје и неговите препознатливи културно-историски обележја, како Старата скопска чаршија, Камениот мост, Скопското Кале и плоштадот. Штркот Гвин од Трансилванија пристигнува во Скопје како гостин, но низ приказната неговата улога се менува и тој станува домаќин.

Сликовницата ги запознава читателите и со светот на штрковите – какви птици се, колку живеат, како се хранат и зошто се преселуваат. Илустрациите во книгата се дело на Игор Јовчевски.

Промоцијата ќе биде збогатена со настап на децата од градинката „Детска радост“ од Автокоманда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни