Српскиот крос-фит спортист Лазар Ѓукиќ се удави за време на Крос-фит игрите кои се одржуваат во Тексас, САД. До несреќата дошла во првиот дел од овие игри, кој се состои од трчање на пет километри и пливање 800 метри.
Како што спортистите испливуваа на целта, организаторите сфатиле дека Лазар Ѓукиќ не ја поминува целната линија, а на снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи, се забележува српскиот спортист на стотина метри пред крајот.
Организаторите велат дека имале план за спасување и спасувачи, но корисниците на социјалните мрежи кои ги следат игрите ги критикуваат организаторите за слабата и спора реакција за спасување на Ѓуркиќ. Помеѓу критиките имаше такви за малиот број и лошата распореденост на спасувачите, но и критики зошто делот за пливање се одржувал по трчањето.
Телото на Ѓукиќ беше извлечено од водите на езерото два часа подоцна од страна на полицијата со помош на пожарникари.
Крос-фит игрите започнаа вчера и ќе траат до недела покрај езерото Форт Ворт во Тексас. Претходните вакви игри се одржувале во Карсон, Калифорнија, Мадисон и Висконсин.