Спортска изложба по повод 40 години од златниот медал на Шабан Трстена на ЛОИ 1984

Олимпискиот шампион Шабан Трстена ќе организира спортска изложба со 40 фотографии во Националната галерија Чифте Амам во Скопје по повод 40 години од освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година.

Изложбата се отвора на годишнината од освојувањето на златниот медал, 10 август и како што најави Трстена ќе бидат споделени 40 носталгични фотографии.

Тој на 19 години го освои златниот медал во борење со што стана најмладиот олимписки шампион во историјата на борењето.

Најново

Последни колумни