Тешка сообраќајка на патот Струга Охрид, петмина повредени меѓу нив и 15 годишник

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Струга Охрид. Во судирот учествувале две патнички возила, а еден од возачите се здобил со тешки телесни повреди.
Screenshot

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 16:35 часот на регионалниот пат Струга Охрид, при што биле повредени пет лица, меѓу кои и 15 годишник. Во несреќата учествувале две патнички возила, едното со охридски, а другото со струшки регистарски ознаки, информира Министерството за внатрешни работи. 

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобил „хјундаи“, управуван од 44 годишниот А.И. од Охрид, и автомобил „сеат“, управуван од 39 годишниот Д.М. од Струга.

Најтешко поминал возачот на „хјундаито“, кој се здобил со тешки телесни повреди. Повредени биле и неговите сопатници, 44 годишната С.И., 24 годишниот У.И. и 15 годишник, сите од Охрид, како и 27 годишната А.С.И. од Германија. 

Повреди добил и возачот на второто возило, 39 годишниот Д.М. од Струга. Неговите повреди биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. 

Повредените лица биле пренесени на лекарски преглед и медицински третман.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Струга. Засега нема дополнителни информации за причините што довеле до судирот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс