Search

Со редовен секс до физичка и ментална убавина

Многу луѓе уживаат да водат здрав сексуален живот, бидејќи сексот прави да се чувствуваме задоволни. Придржувањето до редовен сексуален режим, може во голем степен да ви го подобри физичкото и психичкото здравје.

Редовен секс за појак имунолошки систем
Едно истражување спроведено на универзитетот Вилкес во Пенсилванија, покажало дека студентите кои водат љубов еднаш до два пати неделно, имаат значително поодбранбен имунолошки систем во однос на настинка и грип, за разлика од оние кои апстинираат од секс или го имаат повеќе од три пати неделно.

Ги намалува болките
Стимулација на г-точката за време на секс може да ја намали главоболката, менструалните болки, артритис, па дури и некои хронични болки, за временски период од неколку минути до 24 часа, најверојатно како резултат на ослободувањето на ендорфин во мозокот, кој делува како опојно средство.

„Дразнењето на г-точката може да ја намали болката до 80%, а ако жената доживее оргазам и до 100 проценти“, вели д-р Беверли Випл, професорка на државниот универзитетот Рутџерс, Њу Џерси.

Живејте долг и среќен живот
Редовниот секс ги одржува телесната фигура и бракот со години и го зголемува чувството на севкупна среќа, благосостојба и квалитетен живот кај двата пола. Во едно 10-годишно истражување на универзитетот Бристол во Англија, бил испитуван односот помеѓу зачестеноста на ејакулацијата и смртноста кај 918 мажи, на возраст од 45 до 59 години во Јужен Велс.

Било заклучено дека кај мажите кои во текот на тие 10 години имале два или повеќе пати оргазам неделно, постоел 50% помал ризик од смртност, во однос на оние кои ејакулирале еднаш месечно.

Ги регулира хормоните
Според истражувањето на биологот Винифред Катлер, жените кои се сексуално активни барем еднаш неделно (кога не се во циклус), стареат побавно, имаат многу поредовна менструација, се поплодни и имаат повисоко ниво на естроген, од оние кои се помалку сексуално активни. И после менопаузата, редовниот секс на жените им ја подобрува коскената густина, кардиоваскуларното здравје и го намалува ризикот од топлотни удари.

Извор: lepotaizdravje.rs

Најново

Последни колумни