Италијанската финансиска полиција (Guardia di Finanza) заплени 750.000 евра во кеш, кои беа фрлени во морето од екипаж на брод за време на полициска потера кај брегот на Сицилија. Осмничени за шверц се обиделе да се ослободат од парите кога забележале дека им се приближува патролното возило, но полициските нуркачи го извлекоа водоотпорниот пакет од морските бранови.
Осомничените пловеле со помал брод во близина на брегот на Сицијалија кога биле пресретнати од патрола на италијанската финансиска полиција. Забележувајќи ги полициските сили кои се приближувале со висока брзина, екипажот фрлил црн пакет во морето во обид да ги уништи доказите и да избегне директна поврзаност со илегалните средства.
💰 Des vacanciers en Sicile ont découvert sur une plage de Casuzze des sacs Lidl contenant près de 700 000 euros en espèces, après l'échouage d'un bateau hors-bord. Les trois passagers maltais de l'embarcation ont été interpellés. pic.twitter.com/Im0gfpU4tO
— 75 Secondes 🗞️ (@75secondes) August 1, 2026
Веднаш по пресретнувањето, на местото биле ангажирани полициски нуркачки екипи. По куса пребарувачка акција во Медитеранот, нуркачите успеале да го лоцираат и да го извлечат пакетот, кој бил цврсто запечатен во водоотпорна обвивка за да се спречи влегување на морска вода.
По отварањето на пакетите, инспекторите утврдиле дека внатре се наоѓаат точно 750.000 евра во повеќе деноминации на банкноти. Осомничените лица на бродот се приведени, а италијанските власти започнаа истрага за потеклото на парите и нивната евентуална поврзаност со меѓународни мрежи за шверц или перење пари во Средоземјето.