Штрајк на грчките цариници во понеделник наутро, возила ќе се пропуштаат на 10 минути

Патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Грција

На 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Информацијата ја сподели Министерството за внатрешни работи на Македонија по информациите добиени од надлежните органи на Република Грција,

Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс