„Што е река?“ едукативната работилница за деца

Едукативната работилница за деца „Што е река?“ инспирирана од истоимената сликовница на Моника Вајценавичене низ игра ги воведува децата во магичниот свет на реките кои се клучен дел од еко-системите

Издавачката куќа „Илика“ и Europe House Skopje ги канат сите љубопитни дечиња на возраст од 7 до 10 години да се придружат во заедничката потрагата по одговори „Што е река?“. Работилницата ќе се одржи на 15 октомври во 18 часот во просториите на Europe House Skopje.

Едукативната работилница за деца „Што е река?“ инспирирана од истоимената сликовница на Моника Вајценавичене низ игра ги воведува децата во магичниот свет на реките кои се клучен дел од еко-системите. Преку интеракција со другите учесничиња, децата ќе имаат можност да се запознаат со интересни и важни факти од областа на географијата, на биологијата и на митологијата и да ја разберат поблиску значајноста на реките како извори на енергија и на имагинација и како двигатели на соживотот помеѓу човекот и природата.

Која е најдолгата река на светот, а која најдлабоката? Кои животни живеат на брегот од реките, а кои во нив? Какви приказни се раскажувале во минатото за реките? Овие и уште многу други прашања ќе бидат одговорени низ разновидни активности, вклучувајќи и читања на делови од самата сликовница во текот на работилницата која ќе ја водат Андријана Папиќ Манчева и Катерина Шекутковска.

Учеството на работилницата е бесплатно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни