Шести ден од нокаут-фазата: се играат последните натпревари од 1/16 финале на СП

На Светското првенство денес се играат последните натпревари од шеснаестина финале. На терен излегуваат Австралија, Египет, Аргентина, Зеленоортските Острови, Колумбија и Гана.
EPA/BENJAMIN FANJOY

На Светското првенство во фудбал продолжува нокаут-фазата, а денеска се играат последните натпревари од осминафиналната (1/16) рунда. Во првиот термин од 20:00 часот ќе се сретнат Австралија и Египет.

Од полноќ на терен излегуваат Аргентина и Зеленоортски Острови. Последниот натпревар од оваа фаза ќе го одиграат Колумбија и Гана, со почеток во 03:30 часот по полноќ.

Со овие дуели ќе биде комплетирана шеснаестина финалната фаза од турнирот, по што ќе бидат познати сите учесници во осминафиналето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс