МВР утврди неправилности по пријавите за тепање момчиња, шест полицајци ќе бидат суспендирани

Шестмина полициски службеници ќе бидат суспендирани и против нив ќе биде поведена дисциплинска постапка по проверките за случајот од 7 октомври, поврзан со пријави за прекумерна употреба на сила и нанесени телесни повреди.

Според информациите од МВР што ги пренесува „Скопје1“, внатрешната контрола утврдила низа неправилности во полициското постапување. Наодите произлегле од извршените проверки, обезбедените видеоснимки и изјавите на сведоци.

Поради утврдените пропусти, против шестмината полицајци ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, со мерки за отстранување од работното место.

Паралелно се проверува и евентуална кривична одговорност. Надлежните обвинителства издале наредби за вештачења, а по документирањето на доказите МВР најавува соодветни поднесоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс