Search

Секс и менструација – Да или не?

Иако за некои е табу, сексот за време на менструацијата е сосема нормална работа и го практикуваат повеќе од 50 проценти од сексуално активните жени. Експертите велат дека нема здравствени причини зошто треба да избегнувате секс за време на менструацијата или каква било опасност во споредба со сексот во другите денови од месецот.

Единственото нешто што може да се случи е да не сакате секс за време на менструацијата. Но, не можете да го знаете тоа додека не го пробате. Сите жени се различни. Некои од нив не сакаат да бидат допрени за време на болна менструација, а за некои сексуалните односи ја намалуваат таа болка.

Совети за прв секс за време на менструацијата
Ако сè уште не сте пробале секс за време на менструацијата, веројатно ќе ве интересираат некои од следниве работи. Првото прашање што многумина си го поставуваат во оваа ситуација е како да направат што е можно помалку хаос. Решението е да ставите потемна или стара крпа над чаршавите или да имате секс под туш. Ако размислувате за секс за време на менструацијата и не знаете како да му го предложите на вашиот партнер, само бидете отворени. Можете да ја започнете приказната со тоа што ќе го прашате дали тој / таа сака да воведе нешто ново во вашиот сексуален живот и конечно да прашате што мисли за сексот за време на менструацијата. Најважно е тоа што двете страни го сакаат тоа и дека на сите им е пријатно. Не заборавајте за пози и удобност. Некои пози можеби не ви одговараат, така што ќе мора да бидете внимателни и на тоа. Најдобро би било да се започне со мисионерска поза.

Предности на сексот за време на менструацијата
Сексот за време на менструацијата може да ја намали болката во менструацијата и да го намали времетраењето на менструацијата. Исто така, сексот за време на менструацијата е збогатен со природен лубрикант, им овозможува на многу жени различно задоволство и на крајот придонесува за поврзување со партнерот на повисоко ниво. Стигмата околу сексот за време на „тие денови од месецот“ полека исчезнува, а за менструацијата се зборува сè поотворено. Станува моќна одлика на жената и начинот на кој ја славиме силата, прилагодливоста и самата природа на жената. Затоа, ако сакате да го истражите вашето тело и сите негови фази, сексот за време на менструацијата е еден од начините како да го направите тоа.

Дали можам да забременам за време на менструација?

Да, може да зачнете, но шансите да се случи тоа се минимални. Бременост може да настапи ако времетраењето помеѓу менструалните периоди е помало од 28 дена. Кај жените кај кои периодот помеѓу две менструации е 22 дена или помалку, овулацијата може да се случи во последните денови од менструалното крварење, па незаштитениот однос во овој период може да доведе до бременост.

Друг фактор кој ги зголемува шансите за бременост за време на менструација е способноста на сперматозоидите да живеат во телото на жената неколку дена. Најчесто сперматозоидите живеат во репродуктивните органи на жената 2-3 дена, но во многу ретки случаи можат да живеат и до 7 дена. Тоа значи дека теоретски е можно сперматозоидите да почекаат да настапи овулацијата.

Како до подобро сексуално задоволство за време на циклус

Многу жени го избегнуваат сексот за време на менструација поради нередот кој се прави за време на сексуалниот акт. Но, со помош на следниве совети лесно ќе заборавите на нередот и ќе уживате во сексуалниот чин:

  1. Осигурете се дека и вие и вашиот партнер немате проблем со идејата „секс за време на менструација“. 
    Ниту вие, ниту вашиот партнер не треба да се чувствувате принудени кога ќе одлучите да имате секс во „црвените“ денови од циклусот. Не сите мажи се позитивно настроени кон менструалната крв и не сите жени се расположени за секс за време на менструацијата. Пред да стапите во акција, поразговарајте за да се уверите дека и двајцата сте на иста фреквенција.
  2. Избегнувајте ги првите 2-3 дена од менструалниот циклус. 
    Подобро е да го прескокнете сексот во текот на деновите кога имате обилно крварење, затоа што тоа може да придонесе да се чувствувате непријатно, а и ја зголемува веројатноста да направите неред.
  3. Изберете ја мисионерската поза. 
    Најпрепорачлива секс поза за овој период е мисионерската (позата во која жената лежи, а мажот е одгоре). Оваа поза го минимизира течењето на менструална крв, па ќе ги избегнете грижите околу нередот.
  4. Ставете под вас темна крпа или темни чаршафи. 
    Доколку под вас ставите темна крпа, дури и да истечат неколку капки тие нема да бидат видливи за да ви го одвлекуваат вниманието.
  5. Користете кондом. 
    Така не само што ќе избегнете пренесување на СПБ или настапувањето на несакана бременост, туку и вашиот партнер ќе се чувствува подобро, затоа што нема да дојде во директен контакт со вашата крв.
  6. Имајте влажни марамчиња на дофат. 
    За да не направите дополнителен неред на патот до тоалетната, чувајте до вас влажни марамчиња за брза интервенција.
  7. Размислете за секс под туш. 
    Најдобро место за секс во овој период од месецот е под тушот, поради можноста да го избегнете оставањето на видливи траги зад вас.

Најново

Последни колумни