Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во индиската федерална држава Утаракханд, на Хималаите, објави индиската новинска агенција АНИ, пренесува Ројтерс.
Хеликоптерот летал од Бадринат, познато хиндуистичко светилиште сместено во планините, кон градот Дехрадун, соопшти индиската служба за цивилно воздухопловство. Сите шест лица во хеликоптерот, пет патници и пилотот, загинаа во несреќата.
Хеликоптерот го изгубил контактот за време на летот
„Хеликоптерот изгуби контакт додека леташе над долината Јошимат. Системот за следење повеќе не можеше да го лоцира леталото“, објавија властите.
Поради несреќата, сите хеликоптери на компанијата „Транс Бхарат Авиејшн“, која го управуваше леталото, беа приземјени од претпазливост.
