Вашингтон подготвува „економска бомба“ за Москва: 500% царини за земјите што купуваат руска нафта

Актуелната американска администрација под водство на Доналд Трамп ќе поддржи продолжување на законската иницијатива со која би можеле да се воведат царини до 500 отсто за земјите што купуваат руска нафта и природен гас.

На овој начин САД сакаат да извршат дополнителен економски притисок врз Русија со цел да се ограничи еден од најважните извори на приходи за финансирање на воените операции во Украина.

Ова е предлог закон првично предложен од, сега починатиот, американски сенатор Линдзи Греам, кој својата последна работна посета ја оствари токму во Украина. Законот досега има поддршка од повеќе од 80 сенатори, но не беше усвоен поради напорите на претседателот Трамп да посредува во преговорите за завршување на конфликтот во Украина.

Сенаторите Џин Шахин, Ричард Блументал, Роџер Викер и починатиот Греам претходно сепак соопштија дека постигнале договор со администрацијата на Трамп за продолжување на процесот за усвојување на новиот закон за санкции кон Русија.

„Клучно е да создадеме механизми кои ќе им наметнат висока цена на оние што купуваат руска нафта и природен гас, бидејќи тие приходи ја поддржуваат воената машинерија на Москва“, порачаа сенаторите.

Сè уште не се познати сите детали од договорот меѓу Конгресот и Белата куќа, ниту дали конечната верзија на законот ќе претрпи измени пред гласањето.

Во рамки на последната посета на сенаторот Греам на Украина, пред неговата смрт, тој изјави дека е оптимист дека постои можност за размрдување на работите за крај на војната. Според него, ваквите мерки треба да ги натераат земјите што ја поддржуваат Русија да се соочат со економски последици и да бараат алтернативни извори на енергија.

Се уште не е јасно какво влијание би имал овој закон врз глобалниот енергетски сектор, особено врз државите кои зависат од увоз на руска нафта и гас, но останува да се види и колку е сериозна администрацијата на претседателот Трамп за ваков притисок врз Русија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс