Оваа недела, нашата гостинка во новата епизода на РеТрн е несомнено една од најголемите спортски гордости на Македонија – Даниела Алексовска, европски шампион во ММА и талентирана боречка натпреварувачка со импресивна спортска биографија и неверојатен дух на борец.
Со искуство во Бразилска Џиу Џица (со и без кимоно), Џудо, Јапонско Џу Џицу, Кик Бокс и секако ММА, Даниела има освоено врвни признанија на европски и светски првенства:
- Златен медал на европско првенство во ММА 2025
- Бронзен медал на светско првенство во ММА 2024
- Сребрен медал на европско првенство во ММА 2024
- Златен медал на европско првенство во БЏЏ без кимоно 2023
- Бронзен медал на светско првенство во БЏЏ со кимоно 2022
- Златен медал на европско првенство во БЏЏ со кимоно 2019
- Златен медал на европско првенство во БЏЏ со кимоно 2018
- 10 години државен првак во БЏЏ со кимоно и без кимоно
- 8 години државен првак во Џудо
Во оваа епизода, таа одговара на кратките прашања на Дениз:
Кое ѝ е омиленото место во Скопје? Што би била нејзината професија доколку не е фајтер? Каде се гледа за 5 години?
Даниела е пример за спортски дух, истрајност и посветеност, и е вистинска инспирација за многу млади. Во време кога сè повеќе млади бараат мотив и патека, нејзината приказна е доказ дека со работа, љубов и верба – граници нема.
Следете ја новата епизода на РеТрн!