Општина Кочани соопшти дека енормно зголемена потрошувачка е регистрирана во Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. Наместо вообичаените околу 23 литри во секунда, потрошувачката достигнала 53 литри во секунда.
Како главна причина се посочува масовното користење на водата за пиење за наводнување тревници, бавчи и земјоделски култури, како и за миење дворови, бекатон и други површини.
Високите зони веќе се соочуваат со сериозен недостиг, а продолжувањето на ваквата потрошувачка може да го загрози редовното снабдување и во останатите населени места. Од Општината побараа водата веднаш да престане да се користи за наводнување и миење и да се троши исклучиво рационално.
Доколку апелите не дадат резултат, најавено е воведување рестрикции за корисниците кои несовесно ја трошат водата. Засега не е објавено кога би почнале ограничувањата, ниту во кои временски периоди би се применувале.
Кочани се соочува со опасност од рестрикции на водата, откако потрошувачката во повеќе населени места се зголемила за повеќе од двојно и сериозно го оптоварила водоснабдителниот систем.
Општина Кочани соопшти дека енормно зголемена потрошувачка е регистрирана во Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци.
Наместо вообичаените околу 23 литри во секунда, потрошувачката достигнала 53 литри во секунда.
Водата за пиење се користи за наводнување и миење дворови
Како главна причина за зголемената потрошувачка се посочува масовното користење на водата за пиење за наводнување тревници, бавчи и земјоделски култури.
Дополнително, водата се користи и за миење дворови, бекатон и други површини.
Високите зони веќе се соочуваат со сериозен недостиг, а продолжувањето на ваквата потрошувачка може да го загрози редовното снабдување и во останатите населени места.
Општината апелира на рационално користење
Од Општината побараа водата веднаш да престане да се користи за наводнување и миење и да се троши исклучиво рационално.
Доколку апелите не дадат резултат, најавено е воведување рестрикции за корисниците кои несовесно ја трошат водата.
Засега не е објавено кога би почнале ограничувањата, ниту во кои временски периоди би се применувале.