Љубовната врска може да биде навистина сложена и понекогаш бара толеранција и простување од двете страни. Особено жените често се обидуваат да бидат сочувствителни и да дадат втора шанса. Но, очигледно треба да има граници кои не смеат да се пречекорат. Во продолжение прочитајте кои работи не треба да се толерираат во врската.
Секоја љубовна врска сама по себе е приказна, но едно е заедничко на сите а тоа дека е пропратена со низа на авантури, но и бројни несогласувања. Според статистиките на некои истражувања се покажало дека жените се тие кои предничат кога е во прашање давањето втора можност. Сепак оние жени кои ќе го пронајдат мажот од соништата имаат јасни критериуми во главата, односно не му простуваат се на партнерот.

Злоупотреба
Жена или маж што се почитува себеси никогаш нема да толерира злоупотреба во врската. Секој би се согласил со ова, но проблемот е што не можеме секогаш да кажеме како изгледа злоупотребата. Повеќето луѓе прво помислуваат на физичко малтретирање, но постојат и емоционална, вербална и психичка злоупотреба. Тоа е било каков вид на дејство во кое едно лице користи контрола или моќ за да му наштети на друго.
Нечесност
За врската да има смисла, мора да има доверба меѓу двајцата. Откако таа доверба ќе биде скршена со лаги или измами, врската почнува да се распаѓа. Зошто? Одговорот е едноставен, тоа директно влијае на вашата врска. Ако се соочите со нарушување на довербата во врската, неопходно е заеднички со партнерот да го решите овој проблем.
Недостаток на поддршка
Без разлика дали се работи за вашите соништа, кариера или лични предизвици, неопходно е партнерот да ве поддржува. Жена со самопочит знае дека заслужува партнер кој верува во неа, стои зад нејзините одлуки и ѝ помага да расте. Ако сметате дека ви недостасува поддршка, време е да ја преиспитате вашата врска.
Извор: mondo.rs