Реномираниот весник „Економист“, во својата анализа пишува дека рускиот претседател Владимир Путин се одлучил за ескалација на војната во Украина, бидејќи верува дека неговиот живот би бил во опасност ако заврши без заземање на Донбас.
„Рускиот систем толерира насилство, но не простува неуспеси, пишува „Економист“ и додава дека Путин очигледно верува дека завршувањето на војната без заземање барем на Донбас би го изложило на физичка опасност.
Според извор од Кремљ, во еден момент за време на војната, Путин наводно им рекол на некои од неговите соработници: „Ќе ме обесат“. Еден од клучните проблеми на Кремљ е исчезнувањето на премолчената согласност на руското општество за војната, смета авторот на текстот. Довербата во пропагандата опаѓа, младите луѓе повикуваат на крај на војната на социјалните медиуми, а рејтингот на Путин опаѓа. Расположението меѓу елитата е уште попесимистичко, а како што вели рече еден нејзин припадник, клучниот проблем веќе не е економската состојба или недостатокот на воен успех, туку изгубеното време во војната, навдува „Економист“.
– Војната во целосен обем трае речиси пет години и е неуспех. Постои зхолемено чувство дека „царот го нема“, вели друг претставник на руската елита.
„Економист“, исто така, укажува дека Русија веројатно ќе ја зголеми хибридната војна и саботажата против сојузниците на Киев, како и нападите врз снабдувачките патишта од Европа до Украина. Дополнително, еден од долгогодишните соработници на Путин забележа дека тој, веројатно, посетата на директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, на Москва, ја сметал како знак на слабост на Вашингтон.
Според соговорниците на весникот, Путин реагирал на наполно ист начин кога, во ноември 2021 година, во Москва дојде Вилијам Бернс, директор на ЦИА за време на мандатот на Џо Бајден. Тој отпатува за Русија за да го предупреди Кремљ да не ја напаѓа Украина, а три месеци подоцна, нападот сепак се случи.