Во Македонија има потврден прв случај на „Денга треска“.
Информацијата ја потврди директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана.
Треската е откриена кај 42 годишен маж од Бангладеш кој пристигнал во Македонија на работа.
Случајот е потврден врз основа на лабораториски наоди направени на Инфективната клиника во Скопје и во Институт за jaвно здравје.
Заболениот е хоспитализиран на Инфективна клиника.
Здравствените власти уверуваат дека во моментов не постои ризик за ширење на болеста.
„Денга треската“ се пренесува исклучиво од убод на комарец.