Search

Прв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“

За првпат кај нас се одржува фестивалот „Пет Фест Скопје“ со намера овој настан да стане традиционално најголем настан за миленици во регионот.  Денес на 17.09 ( недела) со почеток во 11:00, на летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градски Парк не очекува 12часовна програма со забавни и едукативни содржини за деца, возрасни и крзнените пријатели.

Свое воведно обраќање на настанот ќе има доктор Димче Велковски од Ветеринарен Центар,, МВР единица за службени кучиња К9- показни вежби , а потоа следуваат модерни танци за деца, танцување со маскоти кучиња Груминг академија Скопје, претставување на егзотични инсекти и птици грабливки, Македонско еколошко друштво со документарен филм за дивиот свет, спасувачки приказни од Скопје ЗОО,  едукација за стерилизација и кастрација на мачки, сведоштва од семејства за вдомени миленици, детско катче со Бибиверзум и многу други забавно-едукативни содржини кои завршуваат со кино проекција на македонскиот филм „Стела“ и Дј Соња Исмаил.

На фестивалот ќе има и подароци за крзнените другарчиња од нашите поддржувачи, како и бесплатен груминг, совети и едукација за сите сопственици и потенцијални сопственици на миленик. Влезот е бесплатен за сите посетители, а целта на „Скопје Пет Фест“ е да се подигне јавната свест за чување на миленик, љубовта кон животните и одговорното сопствеништво.

Најново

Последни колумни