Промоција на Relations на Андреја Салпе

Андреја Салпе е дефинитивно најквалитетниот македонски електронски продуцент од помладата генерација. Добро наслушан и со цврсти корени во независната сцена, тој полека успева да се наметне како релевантно име во нашето музичко секојдневие. Последниве години, буквално бележи експлозија на квалитетна и разновидна продукција од неговиот музикален опус, адекватно поврзан со машините кои пеат. Изданијата се редат и допрва ќе се редат, а со тоа се надеваме и признанијата кои тој благо речено ги заслужува.

Најновото негово Е.П. ‘Relations’ со емотивна груви tech композиција ‘Relationships’ и со амбиент spoken word Б страна ‘A Message’ (гласот е на прекрасната Galatheia), претставува супер квалитетна најава за она што следи, а тоа е есен со неколку есенцијални изданија од неговата продуцентска кујна. Андреја Салпе соработува со реномираниот македонски глумец Оливер Митковски, со кој електронски ревитализираат македонска пеозија и ја принесуваат кон современи уши.

Исто така, тој ја води независната дискографска куќа PMG Tanz Digital , комплетно посветена на издавање современа македонска електронска музика. “Relations” е 22-ро издание на PMG Tanz Digital, а планирана е и прослава со мала другарска забава во култниот скопски локал Ла Кања во Турска Чаршија. Освен Андреја Салпе, за доброто расположение вечерта ќе се погрижи остатокот од PMG Tanz Digital екипата, Виолета Качакова и стариот добар Мирко Попов. Настанот е закажан за сабота, 12 август во 22 часот.

Изданието на Андреја Салпе

е-Трн да боцка во твојот инбокс