Пробна разделба на Принцот Хари и Меган Маркл

Фото: Mark Jones, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Изминатите години беа навистина проблематични за Принцот Хари и Меган Маркл, при што парот направи жестока разделба од кралското семејство и започна медиумска турнеја каква што досега не била видена.  Сепак, секогаш доаѓа „данокот“ после ваквите постапки. Мегам Маркл се враќа на суд за да продолжи да се бори против случајот за клевета што го покрена нејзината сестра против неа, а последните случувања очиглендо влијаат и на бракот.

Принцот Хари се откажа од сите свои кралски привилегии, по сопствен избор, но се чини дека тој започнува да се кае и размислува за пробна разделба, според извештајот на RadarOnline.com.

Во извештајот се наведува дека двојката постепено се истрошила по реакциите на јавноста од нивната медиумска турнеја, како и неуспешните деловни зделки кои дуото морало да ги трпи.

Континуираните јавни несогласувања со членовите на нивното семејство ги отуѓија и двајцата од поширокото семејство и го оставија парот уморен. Се вели дека времето кое ќе го поминат одвоени е со надеж дека повторно ќе ја разгори нивната врска, бидејќи нивниот брак беше одбележан од семејни драми.

Ќе има ли изливи на јавно сочувство? Можеби не, но за пофалба е што дуото прават нешто за да се обидат некако да го средат бракот и да се вратат на посреќно место.

„Тие се обидуваат да откријат што се случи“, изјавил инсајдерски извор за RadarOnline.com. „Хари не се вклопува во незгодниот свет на Меган, тој треба да се најде себеси“.

Извор: Marca

е-Трн да боцка во твојот инбокс