„Преспански аванТУРИ“ – инклузивна велосипедска тура за лица со и без попреченост, ќе се одржи на 15 август 2026 година во Претор, Преспа.
Настанот е дел од проектот „Магијата на Преспа“ и има за цел да промовира активен и инклузивен туризам, пристапност и еднакво учество во рекреативни и туристички активности.
Во рамки на настанот, учесниците ќе возат по велосипедска рута низ Преспанскиот регион, со можност за користење на стандардни и адаптивни велосипеди. По завршувањето на турата, програмата продолжува со пикник, дружење и презентација и пробување на адаптивните велосипеди.
Посебен дел од настанот ќе биде посветен на презентација и практично запознавање со адаптивните велосипеди за лица со попреченост, а медиумите ќе можат да ги проследат и завршните активности, пикникот и дружењето покрај Преспанското Езеро.
Повеќе информации за настанот и пријавувањето се достапни на:
https://equality.agency/otvoren-povik-za-veloturi/