Пожар во хотел во Албанија, шест млади туристи се повредени

Според официјалното соопштение на албанската полиција, пожарот избувнал околу 4:05 часот наутро во хотелот во населбата „10. Јули“ во Валона

Пожар зафати хотел во областа Лунгомаре во Валона, при што беа повредени шест туристи, претежно од Косово. Пожарот избувна во барот лоциран на првиот кат од зградата, а потоа се прошири на хотелските соби на горниот кат.

Пожарот се проширил во текот на ноќта додека туристите спиеле. За да се спасат од пламенот, некои гости скокнале од балконот. Зградата била целосно изгорена,  јавува Newsmax Balkans Albania.

Пет повредени лица се префрлени на лекување во болницата за изгореници во Тирана, додека едно лице е на лекување во регионалната болница во Валона. Двајца од повредените добиле тешки изгореници.

Раководителот на интензивна нега во болницата во Валона, Едмонд Брешанај, изјави дека животот на едната пациентка е во опасност, со изгореници на речиси 100 проценти од телото, додека другата се здобила со изгореници на околу 50 проценти од телото.

Повредените се претежно млади луѓе, на возраст од 25 до 30 години, а меѓу нив има и луѓе од Приштина, Липјан и Решен.

Според официјалното соопштение на албанската полиција, пожарот избувнал околу 4:05 часот наутро во хотелот во населбата „10. Јули“ во Валона.

Полицијата соопшти дека се повредени шест туристи – петмина државјани на Косово и еден од Решен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс