Пожар ја уништи најстарата покриена пазарница во Париз: Целосно изгоре историскиот пазар

Огнот избувнал околу три часот по полноќ во пазарницата „Де Анфан Руж“ во централниот дел на француската престолнина. Пожарникарите успеале да го стават под контрола, но објектот е целосно уништен.

Пожар ја зафатил најстарата покриена пазарница во Париз, „Де Анфан Руж“, која се наоѓа во третиот арондисман, во центарот на француската престолнина. Според градоначалникот и пожарникарите, пазарницата е целосно уништена во огнот што избувнал во текот на ноќта.

Пожарот избувнал околу три часот по полноќ, а на местото веднаш биле испратени пожарникарски и спасувачки екипи. Просторот околу пазарницата бил обезбеден, додека службите интервенирале за да го стават огнот под контрола, објави француската телевизија Бе-Еф-Ем.

Градоначалникот на третиот париски арондисман, Ариел Веј, изјавил дека пожарот е ставен под контрола, но потврдил дека пазарницата е „целосно уништена“.

„Де Анфан Руж“ е историска пазарница и препознатливо место во Париз. Засега во објавениот извештај нема информации за причините за пожарот, ниту за евентуални повредени лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс