Попладневен шпиц кон Скопје: Задржувања на границите и забрана за камиони

Зголемена фреквенција на возила се очекува денес на граничните премини кон Скопје, особено во попладневните и вечерните часови, со можни задржувања на Богородица и Табановце.
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Возачите што се враќаат од туристичките центри кон Скопје денес треба да предвидат дополнително време за патување, особено во попладневните и вечерните часови. Зголемена фреквенција на возила се очекува на главните патни правци и на граничните премини, со можни повремени задржувања на Богородица и Табановце поради засилениот викенд-сообраќај. На останатите премини не се најавени подолги чекања, но состојбата е променлива.

На патниот правец Кичево – Охрид сообраќајот се одвива со девијации и привремено изменет режим поради градежни активности на повеќе делници. Овие забавувања бараат зголемена внимателност и почитување на поставената сигнализација. Слична е состојбата и на делови од патот Гостивар – Кичево каде што исто така се изведуваат градежни или санациски работи.

За оние кои патуваат низ Јасен, движењето од Македонски Брод кон Скопје денес е дозволено во следните термини: 06:00 до 07:00, 10:30 до 11:00, 13:00 до 13:45 и 18:30 до 20:00 часот.

Денес важи забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони низ целата држава, во периодот од 09:00 до 22:00 часот. Дополнителна рестрикција има на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје, каде е забрането движење на товарни возила над 7,5 тони, од 07:00 до 22:00 часот. Од овие ограничувања се изземени само превозниците на леснорасиплива стока, гориво и жива стока. Најсилен повратен бран кон главниот град се очекува доцна попладне на правците Охрид – Кичево – Гостивар – Скопје и Гевгелија – Велес – Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс