Љупчо Грнчиштанов, кој беше еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ почина на 54 годишна возраст, пренесоа неколку медиуми.
Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување.
Во рамки на предметот за трагедијата во Кочани, тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“.
Засега нема официјални информации за причините за смртта на Љупчо Грнчиштанов, но тој не единствен обвинет кој почина додека трае судскиот процес.
За потсетување, Владо Петров, пензиониран полициски службеник и еден од осомничените во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, почина исто во притвор.
Тој беше опфатен со истрагата поради сомнежи поврзани со издавањето согласност за паркинг просторот пред објектот, додека постапката против останатите осомничени продолжува